| четврток, 6 декември 2018 |

Личниот телохранител на Заев и претходно имал проблеми со законот

Александар Трајков од струмичкото село Градашорци, личниот телохранител на Зоран Заев, и пред насилствата во струмичката дискотека, каде што напаѓал и тепал се пред себе за што е неколкукратно пријавен во полиција, и претходно им бил познат на органите на редот.

Република дознава дека блискиот соработник на Заев, неговиот личен заштитник Александар Трајков, кој што го придружува насекаде, од лидерски средби, преку средби со граѓани, посети на Заев на СЈО, до обврските кон судот, истиот тој Трајков и претходно бил во судир со законот.

g4-t

На 23 декември 2008 година тој е осуден на ефективна казна затвор во времетраење од три месеци, доколку во рок од една година го повтори делото за кое е осуден. Истиот од страна на Основниот суд Струмица е осуден условно за сторено кривично дело по член 297 од кривичниот законик. Република дознава дека Александар Трајков, бодигардот на градоначалникот Заев, од март 2014 година е вработен во „Сара инженеринг“, една од компаниите на кланот Заеви.

g5

Токму блискоста со Заев му овозможува на Трајков да се однесува насилнички и притоа да не размислува за последиците. Дури и во последниот случај, кога пред две вечери Трајков цела вечер со боксови без повод и причина напаѓал гости во дискотека, тој минал со прекршочна пријава од МВР.

Да потсетиме дека СДСМ и генералниот секретар Оливер Спасовски од позиција министер за внатрешни работи се обидоа да го сокријат случајот од јавноста, избегнувајќи да го наведат во дневниот билтен до медиумите. Насилникот дури беше и недостапен за полицијата. Но, откако веста стигна во јавноста, а прашање за однесувањето на бодигардот на Заев ми беше поставено директно и на Спасовски, реагираа и од МВР и од СДСМ.

g2

Во соопштението од МВР стои дека јавноста ќе биде известена и ќе бидат преземени неопходните законски дејствија „Во моментот кога ќе бидат утврдени сите елементи од настанот “, за потоа да се објави дека МВР му поднело прекршочна пријава на Aлександар Трајков.

СДСМ, пак и за овој случај ја користи формулацијата „евентуална инволвираност“, како и секогаш кога нивните блиски се вмешани во насилство и криминал. Но, свесни дека не може да се сокрие делото на својот член Трајков, тие во соопштение наведоа дека Трајков „приватно“ бил во Струмица, но и дека лицето ќе биде отстрането од придружба со нагласка „на определно време“.

g3

Од СДСМ мораа да нагласат дека нивниот лидер Заев, човекот кој со години го ангажира познатиот насилник за негов најблизок соработник и заштитник, дека во моментот кој излезе во медиумите за агресивното однесување на Трајков, не бил ниту во Струмица, туку во Охрид.

zaev-pred-sud-3-custom-520x462Со тоа СДСМ се обидува да го испере Заев од одговорност и од поврзаност со однесувањето на Трајков. Но, ниту Трајков е прв и издвоен случај на луѓе со насилно и криминално досие кои имаат врски со Заев, ниту пак насилството е непозната појава од страна на обезбедувачите и членови на СДСМ. Заев точно знае кој е Трајков, како што знаеше и кој е Верушевски, и кој е Чаушот, и кои се сите криминалци кои го опкружуваат и кои што ги штити и им ветува место под чадорот.

zaev-caus-1-640x396

За потсетување, насилниците на СДСМ за време на демонстрациите повредија неколку десетици полицајци, кршеа и палеа објекти, уништуваа фасади и споменици, предизвикуваа инциденти, напаѓаа граѓани, постојано обидувајќи се да предизвикаат судир со полицијата. Зад секој поголем и насилен инцидент, се почесто насилникот има фотографија со некој од раководството на СДСМ, а најчесто тоа се Заев или Спасовски.

Околу Заев постојано се луѓе од криминалното подземје на Македонија, но и од Косово. Главни сораборници на Заев и на СДСМ станаа Чаушот и Верушевски. Новата ѕвезда во СДСМ, независниот новинар Мухамед Зекири неодамна беше на Косово на средба со познати криминалци и насилници чии што вооружени групи се познати по делување и вон Косово.

kol215-zaev-verusevski-1

Откако Заев ги прогласи медиумите кои не се под негова и контрола на СОРОС за главни политички непријатели, новинарските екипи се под постојана закана. Нападнати се екипите на Сител, на радиото Слободна Македонија, на Република. Последен од низата напади врз новинари беше физичкиот напад и малтретирање на фоторепортерот на  Република, кому обезбедувањето на СДСМ, за време на работна задача, а и вон кругот на објектот на СДСМ, го нападнале, навредувале, го спречиле да работи, но и да замине, се обиделе да бришат фотографии од професионалната опрема, дури му го одзеле личниот мобилен телефон. И за овој случај СДСМ го оквалификува како „евентуален“, а полицијата на Спасовски се уште се обидува да го расчисти.

Насилството кое го предизвикуваат СДСМ и луѓето кои го опкружуваат раководството е вистинското лице и програма со која СДСМ излегува на избори. Затоа и овој пат, СДСМ ќе биде поддржан само од оние кои сакаат во државата да се врати анархијата на чие чело беше СДСМ. Големото мнозинство граѓаните го знаат тоа и повторно ќе застанат на патот на агресивноста која ја шират луѓето на Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top