| четврток, 6 декември 2018 |

Не смеат да си дозволат политичко делување: Поставивме висок критериум кои луѓе може да бидат судии и јавни обвинители

На панел-дискусијата на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Држава“ министрите се фокусираа на последните 10 години, на проектите, на создавање на нови работни места, на излегувањето на Македонија од политичката криза. Заменичка во Министерството за правда Билјана Бришкоска-Бошковски дискутираше за сето она што е преземено во овие десет години и како сето тоа сега се ефектуира.Кога станува збор за независноста на судството, би рекла дека вистинската независност на судството и на јавното обвинителство произлегува пред се од личната независност, како и од интегритетот на самиот судија и јавен обвинител, дискутираше заменичка во Министерството за правда Билјана Бришкоска- Бошковски на денешната панел дискусија на тема „Држава“.

-Самостојноста и независноста на судиите и јавните обвинители е основен постулат на правниот систем. Како држава во изминатиот период ги исполнивме зацртаните цели во делот на независноста во судството, а тоа е промена на начинот на избор на судии и јавни обвинители, постапката за следењето и оценувањето на работата на судиите и јавните обвинители како и нивната одговорност. Кога станува збор за независноста на судството, би рекла дека вистинската независност на судството и на јавното обвинителство произлегува пред се од личната независност, како и од интегритетот на самиот судија и јавен обвинител, рече Бришкоска- Бошковски.

Таа рече дека го вовеле и тестот за интегритет како еден од тестовите кој што треба да ја покаже способноста на секој кандидат за судија или јавен обвинител, во однос на неговата можност да ја практицира оваа функција, како и дали е подготвен да опстои и дали може се одбрани од сите евентуални притисоци, кои што би можеле да влијаат врз неговата работа.

-Основен постулат во делот на независноста во правосудниот систем е начелото каде што не е дозволено, односно е неспојливо вршењето на функцијата судија или јавен обвинител со вршење на било каква политичка функција, односно политичко делување. Ни еден судија и ниеден јавен обвинител   не може да ја пречекори границата во насока на повреда на ова начело. Односно судиите и јавните обвинители се судии и јавни обвинители 24 часа, а во секој нивен настап, во секое нивно јавно делување, треба да се внимава на ова начело односно да не дозволат наместо вршењето на нивната надлежност, а тоа е право раздавањето, докажување на одредени постапки, да ја преминат границата и нивното однесување да се сведе на политичко делување, рече Бришкоска-Бошковски.

-Тргнувајќи од ваквите состојби во изминатиот десетгодишен период, Министерството за правда, односно Владата на Република Македонија како главен приоритет ги имаше реформите во правосудниот систем. Во рамките на надлежностите на Министерството за правда и Владата во делот на судската власт, активностите беа насочени кон создавање на нормативната рамка, односно подобрување на нормативната рамка која што ја покрива оваа област, како и во делот на создавањето на просторните услови за нормално функционирање на правосудните институции. Најуспешна приказна во рамките на реформите на правосудниот систем би ја споменала Академијата за судии и јавни обвинители, таквата потврда во делот на работењето на Академијата ја има и од страна на извештаите на Европската Комисија. Досега откако е воспоставена Академијата, почетна обука завршиле и се именувани за судии и јавни обвинители, 45 судии, 48 јавни обвинители, рече Бришкоска- Бошковски.

Таа нагласи дкеа поставиле висок критериум на луѓе кои може да бидат избрани за судии и јавни обвинители, на што наишле на голем отпор од опозицијата,

-Но излезе дека сме во право со новите законски измени. Па така на секој следен оглас се пријавуваа луѓе кои се повеќе ги исполнуваат овие критериум и имаме успешно завршени генерации. Оневозможивме долги судски постапки, оневозможивме злоупотреба на странките во постапката, рече Билјана Бришкоска-Бошковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top