Свештеник на СПЦ од црквата „Свети Јован Чудотворец“ во Јуџин, во Орегон, 42-годишниот Даниел Џејмс Макеј, е уапсен во средата под сомнение дека ѝ плаќал за сексуални услуги на малолетна проститутка и ека наводно ја користел за препродажба на кокаин. Во полиција, како што пишуваат американските медиуми, го предала токму малолетната проститутка, која била уапсена два месеци претходно.
Девојакта е сместена во поправен дом, а претходно го намамила Макеј на средба и така бил фатен во заседа.
Свештеникот е обвинет за проституција, загрозување на малолетно дете и за сексуален прекршок, како и за искористување малолетничка за продажба на кокаин.
Макеј е роден во Детроит, а работел и како одделенски професор по англиски јазик. Станал православен во 2009 година, по едномесечен престој во српскиот манастир „Свети Пајсиј“ во Ариозна. Оженет е и има ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.