| четврток, 6 декември 2018 |

Во стомакот криела 730 илјади долари

Успешно се извадени 106 капсули кокаин од стомакот на жена која се обидела да ги шверцува во Индија, соопшти индиската полиција. Дваесет и петгодишната жена со странско државјанство била уапсена на 14 мај на меѓународниот аеродром во главниот град на Индија, Њу Делхи.

Според информациите, таа поминала една недела во болница каде што ѝ била дадена терапија за да закрепне од кокаинот. Се проценува дека дрогата има вредност од над 730 000 долари.

Полицијата претпоставува дека жената ги голтнала капсулите во Сао Паоло, Бразил, и ѝ било кажано да ги пренесе во Делхи на лица со нигериска националност. Полицијата сега трага по тие лица на кои жената требала да им ја испорача дрогата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top