| четврток, 6 декември 2018 |

Од што зависи бојата на жолчката кај јајцата?

Вчера беше светскиот ден на јајцата, денеска ви прнесуваме корисни информации кои сигурно не сте ги знаеле за јајцата.

Кафени или бели лушпи?

Иако повеќето од нас инстиктивно бираме кафени јајца бидејќи таа боја им делува природно, вистината е дека бојата нема никаква врска со нутритивната вредност. Бојата зависи само од видот на кокошката која го снела јајцето. Така, белите кокошки несат бели јајца, оние со црвни пердуви главно несат кафени јајца.

Бојата на жолчката

Бојата ја одредува исхраната на кокошката и пак нема врска со нутритивните вредности. Ако жолчката е темно жолта, кокошката изела повеќе зеленчук со темно зелена боја. Жолтеникавата боја укажува на пченка, а бледата жолчката кажува дека исхраната се состои од пченица и јачмен.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top