По репрезентативната пауза со мечот меѓу Челзи и Лестер Сити започна 8. коло од најсилната фудбалска лига во англиската Премиер лигата. На „Стемфорд Бриџ“ домаќинот со головите на Диего Коста, Азар и Мозес славеше убедлива победа од 3-0 против англискиот шампион.
Тимот на Антонио Конте ги надигра гостите во секој поглед, а доминацијата ја изрази и со три погодоци во мрежата на Каспер Шмајхел.
Диего Коста го отвори резултатот во седмата минута, а Еден Азар во 33.минута зголеми на 2-0. Третиот погодок беше дело на Виктор Мозес во 80.минута од средбата за сигурен триумф на „сините“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)