Како што жените влегуваат во менопауза, така и мажите имаат свој климакс, кој се нарекува андропауза. За разлика од жените, кај мажите андропаузата, или уште се вика АДАМ – од андроген дефицит кај адултни мажи, односно намалувањето на циркулирачкиот машки хормон тестостерон, се случува постепено. Андропаузата почнува некаде по 45. година. Дефицитот на тестостерон кај возрасните мажи дава најразлични манифестации, во зависност од степенот и брзината на намалувањето на тестостеронот. Најчести симптоми и знаци се: намалено либидо, еректилна дисфункција, односно импотенција, намалување на волуменот на ејакулатот, намалување на волуменот на тестисите, гинекомастија или зголемување на градите. Потоа доаѓа до намалување на телесната влакнавост, намалување на когнитивните функции, како што е, на пример, помнењето, појавата на топли бранови, но тие не се изразени така како што се изразени кај жените во менопауза, доаѓа до нарушување на спиењето и на видот. Се јавува и депресија, се намалува мускулната маса, а се зголемува висцералната маст (интраабдоминално), како и остеопенија, односно зголемена порозност на коските. Сите овие симптоми и знаци се суптилни и неспецифични, и лесно можат да се превидат или да се заменат со некоја друг патолошка состојба.
На прашањето дали расте бројот на мажи во Македонија на кои во помлади години им опаѓа нивото на тестостерон професор д-р Чедомир Димитровски, специјалист по ендокринологија во болницата „Аџибадем Систина“, вели дека за тоа нема точни податоци.
– Но, во мојата амбуланта сѐ почесто имам мажи со дефицит на тестостеронот и со абнормалности во ејакулатот – вели професор Димитровски.
Целиот текст можете да го пролитате ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.