| четврток, 6 декември 2018 |

Расте ли бројот на импотентни Македонци?

Ка­ко што же­ни­те вле­гу­ва­ат во ме­но­па­у­за, та­ка и ма­жи­те има­ат свој кли­макс, кој се на­ре­ку­ва ан­дро­па­у­за. За раз­ли­ка од же­ни­те, кај ма­жи­те ан­дро­па­у­за­та, или уште се ви­ка АДАМ – од ан­дро­ген де­фи­цит кај адулт­ни ма­жи, од­нос­но на­ма­лу­ва­ње­то на цир­ку­ли­рач­ки­от ма­шки хор­мон те­сто­сте­рон, се слу­чу­ва по­сте­пе­но. Ан­дро­па­у­за­та поч­ну­ва не­ка­де по 45. го­ди­на. Де­фи­ци­тот на те­сто­сте­рон кај во­зрас­ни­те ма­жи да­ва нај­раз­лич­ни ма­ни­фе­ста­ции, во за­вис­ност од сте­пе­нот и бр­зи­на­та на на­ма­лу­ва­ње­то на те­сто­сте­ро­нот. Нај­че­сти симп­то­ми и зна­ци се: на­ма­ле­но ли­би­до, ере­ктил­на ди­сфунк­ци­ја, од­нос­но им­по­тен­ци­ја, на­ма­лу­ва­ње на во­лу­ме­нот на еја­ку­ла­тот, на­ма­лу­ва­ње на во­лу­ме­нот на те­сти­си­те, ги­не­ко­ма­сти­ја или зго­ле­му­ва­ње на гра­ди­те. По­тоа до­а­ѓа до на­ма­лу­ва­ње на те­лес­на­та влак­на­вост, на­ма­лу­ва­ње на ког­ни­тив­ни­те функ­ции, ка­ко што е, на при­мер, пом­не­ње­то, по­ја­ва­та на топ­ли бра­но­ви, но тие не се изра­зе­ни та­ка ка­ко што се изра­зе­ни кај же­ни­те во ме­но­па­у­за, до­а­ѓа до на­ру­шу­ва­ње на спи­е­ње­то и на ви­дот. Се ја­ву­ва и де­пре­си­ја, се на­ма­лу­ва му­скул­на­та ма­са, а се зго­ле­му­ва вис­це­рал­на­та маст (ин­тра­аб­до­ми­нал­но), ка­ко и осте­о­пе­ни­ја, од­нос­но зго­ле­ме­на по­роз­ност на ко­ски­те. Си­те овие симп­то­ми и зна­ци се суп­тил­ни и нес­пе­ци­фич­ни, и лес­но мо­жат да се пре­ви­дат или да се за­ме­нат со не­ко­ја друг па­то­ло­шка со­стој­ба.

На пра­ша­ње­то да­ли рас­те бро­јот на ма­жи во Ма­ке­до­ни­ја на кои во пом­ла­ди го­ди­ни им опа­ѓа ни­во­то на те­сто­сте­рон про­фе­сор д-р Че­до­мир Ди­ми­тров­ски, спе­ци­ја­лист по ен­до­кри­но­ло­ги­ја во бол­ни­ца­та „Аџи­ба­дем Си­сти­на“, ве­ли де­ка за тоа не­ма точ­ни по­да­то­ци.

– Но, во мо­ја­та ам­бу­лан­та сѐ по­че­сто имам ма­жи со де­фи­цит на те­сто­сте­ро­нот и со аб­нор­мал­но­сти во еја­ку­ла­тот – ве­ли про­фе­сор Ди­ми­тров­ски.

Целиот текст можете да го пролитате ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top