| четврток, 6 декември 2018 |

Дресирање на медиумите

Ме­ди­у­ми­те не се каз­ну­ва­ат по­ра­ди из­ве­сту­ва­ње­то. Тие се дре­си­ра­ат. Ако „не­кои пра­ша­ња не зас­лу­жу­ваа од­го­вор“, се­га „не­шта­та не зас­лу­жу­ва­ат пра­ша­ње“. Пав­ло­ви­от реф­лекс тре­ба да ги до­ве­де си­те да че­ка­ат зе­ле­на свет­ли­на од скоп­ско­то Ка­ле, за из­ве­сту­ва­ња „по­ле­ка и по­зи­тив­но“. Но не за из­бо­ри­те, ту­ку за сѐ што ќе за­ста­не во за­шти­та на др­жав­но­ста и на ма­ке­дон­ска­та по­себ­ност. По ме­ди­ум­ско­то ми­ни­ра­ње на ре­фе­рен­ду­мот про­тив пре­кро­ју­ва­ње­то на Ки­че­во и на Стру­га, се под­го­тву­ва ли се­га те­рен за ид­но ми­ни­ра­ње на ре­фе­рен­дум за име­то?

Са­мо по­ле­ка и по­зи­тив­но. Ова би тре­ба­ло да би­де „нај­ма­ли­от за­ед­нич­ки со­др­жа­тел“ по си­те каз­ни, пре­по­ра­ки, пре­ду­пре­ду­ва­ња, ука­жу­ва­ња кон ме­ди­у­ми­те, кои гре­шат со са­мо­то тоа што по­сто­јат. Од­нос­но, што не­гу­ва­ат но­ви­на­ри-уред­ни­ци што има­ат кри­тич­ки став кон дејс­тву­ва­ње­то на опо­зи­ци­ја­та, ста­во­ви­те на чич­ко Сем пре­ку уста­та на опо­зи­ци­ски­от ли­дер, ка­ко и вон­брач­но­то не­до­нос­че на си­лу­ва­ни­от пра­вен си­стем – СЈО на Ка­ти­ца Ја­не­ва.

Ако уште во за­че­ток на До­го­во­рот од Пр­жи­но пр­во се кре­ва­ше вре­ва за ба­лан­си­ра­но из­ве­сту­ва­ње во пре­диз­бор­ни­от пер­и­од, по­ле­ка се пре­ми­на кон проб­ле­ми за из­бор на чле­но­ви­те на ад хок те­ло­то за каз­ни, па со над­мо­ќта по број од три на два се поч­на со каз­ну­ва­ње на ме­ди­у­ми­те. Каз­не­ти се ме­ди­у­ми што ги до­ве­ду­ва­ат под пра­ша­ње ре­ше­ни­ја­та на СДСМ ка­ко глас­но­го­вор­ник на вол­ја­та од об­је­ктот на скоп­ско­то Ка­ле. За­тоа, без ни­ка­ков од­го­вор на пра­ша­ње­то „зо­што“ беа по­со­чу­ва­ни опас­ни дејс­тву­ва­ња ка­ко пи­шу­ва­ње текст на екра­нот, пра­ша­ња опас­ни по здрав­је на опо­зи­ци­ски прет­став­ник на де­ба­та, па слу­ша­ње ше­рет­ска ин­то­на­ци­ја во нај­а­ва за ве­сти. Сле­ду­ва­ат и каз­ни за пра­ша­ња за ра­бо­та­та на Ка­ти­ца Ја­не­ва и на СЈО. За­шти­та­та за Ка­ти­ца Ја­не­ва и за СЈО дој­де до­та­му, што се­кое се­кое ле­ги­тим­но пра­ша­ње во ме­ди­у­ми­те за ра­бо­та­та или за од­не­су­ва­ње­то на Ја­не­ва или на кој би­ло член на СЈО се по­диг­на на сте­пен на бо­го­ху­ле­ње.

Ва­кви­от ис­ход од те­ло­то со изра­сто­кот и не бе­ше не­о­че­ку­ван, а ќе сле­ду­ва­ат и сѐ по­чуд­но образ­ло­же­ни каз­ни и пре­по­ра­ки. Каз­ни­те тре­ба да ги до­ве­дат уред­ни­ци­те до сте­пен на дре­си­ра­ност по прин­ци­пот на Пав­ло­ви­от реф­лекс, па лес­но да би­дат прик­лу­че­ни на коп­че­то на чич­ко Сем. Коп­че­то е ве­ќе под­го­тве­но, има име и пре­зи­ме и го ра­ко­во­ди те­ло­то за каз­ну­ва­ње ме­ди­у­ми. Жи­ци­те до не­го се сме­сте­ни во ад хок те­ло­то за ме­ди­у­ми. А та­му не ги гле­да­ат ве­сти­те; уба­во си образ­ло­жи­ја де­ка „си­те ве­сти им се исти“!? Не­ма по­тре­ба да гле­да­ат за­тоа што и не се по­ста­ве­ни да гле­да­ат, ту­ку да слу­ша­ат! И слу­ша­ат, бес­пре­кор­но.

Зар се­то ова се­га, со ра­бо­та­та око­лу ме­ди­у­ми­те, од глу­по­ста на­ре­че­на ба­лан­си­ра­но про­пор­ци­о­нал­но из­ве­сту­ва­ње за пар­ти­и­те, до за­шти­та­та на Ја­не­ва, по­тсе­ту­ва на пер­и­о­дот од 2001 го­ди­на и на при­ти­со­кот за про­пор­ци­о­нал­ни­от од­го­вор од во­о­ру­же­ни­те си­ли кон те­ро­ри­сти­те. И то­гаш пр­во се ба­ра­ше про­пор­ци­о­на­лен од­го­вор од др­жав­ни­те си­ли про­тив те­ро­ри­стич­ки­те гру­пи; па сле­ду­ва­ше сме­на на тер­ми­ни­те, те­ро­ри­сти­те ста­наа бор­ци, за на­ско­ро да би­дат до­об­јас­не­ти ка­ко бор­ци за чо­ве­ко­ви пра­ва. Се­то тоа за­вр­ши та­ка што и по 15 го­ди­ни, офи­ци­јал­но, ни­кој не спо­ме­ну­ва што, всуш­ност, ѝ се слу­чи на Ма­ке­до­ни­ја таа го­ди­на и се­то тоа се ста­ва во рам­ка­та „конф­ли­ктот во 2001 го­ди­на“. Не се спо­ме­ну­ва, но се па­ме­ти де­ка чич­ко Сем во пер­и­о­дот што сле­ду­ва­ше по­тоа те­ро­ри­сти­те/ бор­ци ги пре­об­ле­че уште ед­наш, во по­ли­ти­ча­ри и бла­го­да­ре­ние на СДСМ им од­вои до­пол­ни­тел­ни те­ри­то­рии во Стру­шко и во Ки­чев­ско за по­пол­ну­ва­ње на ве­ќе ис­цр­та­на­та ал­бан­ска те­ри­то­ри­ја. Не­кои пра­ша­ња, ка­ко што по­ра­чу­ваа пре­ку кон­тро­ли­ра­ни­те ме­ди­у­ми, то­гаш не зас­лу­жу­ваа од­го­вор.

А зо­што се­га на чич­ко Сем му е важ­но да се каз­ну­ва­ат ме­ди­у­ми во Ма­ке­до­ни­ја што не мо­ра да на­пра­ват чу­да за да би­дат каз­не­ти? Зо­што се­га на ва­ков др­зок на­чин се дис­цип­ли­ни­ра­ат и дре­си­ра­ат ме­ди­у­ми­те во пре­диз­бор­ни­от пер­и­од во Ма­ке­до­ни­ја? Што е тоа кон што се под­го­тву­ва ме­ди­ум­ски­от те­рен?

Тоа што чич­ко Сем на­вре­ме го уви­дел во Ма­ке­до­ни­ја е де­ка те­ле­ви­зи­и­те со нај­го­ле­мо вли­ја­ние ја др­жат стра­на­та за за­чу­ву­ва­ње на нај­ви­со­ки­от на­ци­о­на­лен ин­те­рес, бор­ба­та за за­чу­ву­ва­ње на име­то на др­жа­ва­та, ма­ке­дон­ска­та по­себ­ност пре­ку на­род, ја­зик, кул­ту­ра. И ток­му тие ме­ди­у­ми за За­ев се глав­ни по­ли­тич­ки не­при­ја­те­ли, а за чич­ко Сем еми­ту­ва­ат „дис­ба­ланс“. Ток­му во тие ме­ди­у­ми не ми­ну­ва лес­но те­за­та за дво­ја­зич­ност, за на­ру­шу­ва­ње на уни­тар­но­ста на др­жа­ва­та, за ме­ну­ва­ње на име­то на др­жа­ва­та, на­ро­дот, ја­зи­кот. И по­ткре­пе­но со фа­кти, отка­ко и по 25 го­ди­ни по­ле­то „на­род“ за Ма­ке­до­ни­ја во ре­ги­ста­рот на ООН е праз­но, а парт­нер­ски­те ор­га­ни­за­ции се сле­пи за пре­су­да­та од Хаг.

Ако се оди спо­ред искус­тво­то, тре­ба да се оче­ку­ва де­ка ќе сле­ду­ва каз­на ако те­ле­ви­зи­и­те ра­бо­тат на пра­ша­ње­то што, на­ви­сти­на, би до­не­ла во др­жа­ва­та дво­ја­зич­но­ста што ја­ва на гр­бот на СДСМ. Спо­ред ма­те­ма­ти­ки­те на каз­ну­ва­чот, уред­ни­ци­те би се раз­мис­ли­ле да­ли да ѝ об­јас­нат на јав­но­ста де­ка дво­ја­зич­но­ста е ед­на од фа­зи­те кон фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та на др­жа­ва­та. Па и да­ли е вре­ме за ви­стин­ска ана­ли­за за пла­тфор­ма­та на ам­ба­са­дор­ски­от тан­дем Беј­ли – Пјат во Скоп­је и во Ати­на; пр­ви­от поз­нат по пер­и­о­дот на де­мон­стра­ци­и­те на „Та­ксим“ во Тур­ци­ја, а вто­ри­от по ми­си­ја­та во Укра­и­на и раз­го­во­ри­те во кои Ви­кто­ри­ја Ну­ланд му по­ра­чу­ва „за*би ги ЕУ“?

Да­ли е тоа клуч­ни­от мо­мент за кој се под­го­тву­ва ме­ди­ум­ски­от те­рен во Ма­ке­до­ни­ја? Не за из­бо­ри­те, не за СЈО, ту­ку за мо­мен­тот ко­га од скоп­ско­то Ка­ле ќе се на­ра­ча „Са­мо по­зи­тив­но“ за че­ко­ри­те кон де­ма­ке­до­ни­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја? „Са­мо по­зи­тив­но“ за про­ме­на на име­то на др­жа­ва­та и за бри­ше­ње­то на при­да­вка­та „ма­ке­дон­ски“ за ја­зик и за на­род. Исто ка­ко во вре­ме­то на от­ста­пу­ва­ње­то на Стру­га и на Ки­че­во, ко­га пре­ку ме­ди­у­ми­те бе­ше ми­ни­ран ре­фе­рен­ду­мот за те­ри­то­ри­јал­на­та по­дел­ба. Се под­го­тву­ва ли со вре­ме те­рен за да се ми­ни­ра не­из­беж­ни­от ре­фе­рен­дум за ме­ну­ва­ње на име­то, во об­лан­да на­ре­че­на „ре­ше­ние за евро­ат­лант­ски ин­те­гра­ции“? „Са­мо по­зи­тив­но и на­пред со при­до­би­вки­те“, би гла­се­ла пре­по­ра­ка­та, без ни­ка­ква кри­ти­ка или ана­ли­за.

Ако чич­ко Сем до­бро го утвр­дил мо­мен­тот за вли­ја­ни­е­то на ме­ди­у­ми­те, мно­гу ло­шо ја прес­ме­тал ко­ле­ктив­на­та ме­мо­ри­ја. На­ја­ву­ва­ње на ве­сти­те под ре­ден број или 25-ми­ну­тен молк во еми­си­ја во­оп­што не се на­ив­ни из­бр­за­ни ре­ак­ции, ту­ку сиг­нал де­ка не мо­же да се скрие што се го­тви во зад­ни­на. Отка­ко „не­кои пра­ша­ња не зас­лу­жу­ваа од­го­вор“, овој молк глас­но ја ис­пра­ќа по­ра­ка­та де­ка „не­кои од­го­во­ри не зас­лу­жу­ва­ат пра­ша­ња“. Со вре­ме, до­де­ка ме­ди­у­ми­те во­оп­што се доз­во­ле­ни во Ма­ке­до­ни­ја!

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 215. број на неделникот „Република“, 14.10.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top