| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓиев: Пред 10 години невработеноста беше 38 отсто, денес е 24, отворени 160.000 нови работни места

– Во 2006-та година стапката на невработеност беше околу 38 проценти. Денес таа е намалена на 24 проценти и тоа е голем успех, особено доколку се земе предвид периодот во кој што доаѓа до намалување на оваа бројка имаме светска економска криза, европска должничка криза, имаме турбуленции на политичката сцена на домашен план во Република Македонија – изјави Александар Ѓорѓиев, кој ја води панел дискусијата „Принципи и дискусии“ која ја организира ВМРО-ДПМНЕ.

aleksandar-640x325

На првата дискусија ќе се  отворат поголем број  на прашања и ќе се  дискутира на повеќе теми, ќе има потсетувања и ќе има објаснување за тоа што е направено и што следува понатаму.

– Почнуваме со економијата, тоа е нашето стратешка определба на која што сме фокусирани уште од првиот ден на мандатот. Се разбира тоа  не е резултатот од кои што сме задоволни, се разбира дека ќе продолжиме со уште поголема посветеност и уште поголема мотив, поголем интензитет, за да успееме да ја симнеме стапката на невработеност на што пониско ниво. Но фактите говорат дека во овој период се отворени 160 илјади нови работни места, 160 илјади луѓе, граѓани на Република Македонија кои што порано не работеле денес работат, 160 луѓе кои што порано седеле дома денеска одат на своите работни места и остваруваат приходи. Тоа се дополнителни приходи за десетици илјади семејства во Република Македонија – изјави Ѓорѓиев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top