| четврток, 6 декември 2018 |

Миноски: Со кредитните линии од државата компаниите се развиваат и отвораат нови работни места (ВИДЕО)

Во однос на даночната политика, ние како Влада следиме една економска филозофија на ниски даноци. Еден правец на економијата која верува во перфектноста на пазарот и приватниот сектор, истакна министерот за финансии Кирил Миноски на денешната панел-дискусија организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема 160.000 нови вработувања.

– Предностите на ова концепција е намалување на даночната евазија. Дури и во услови на политичка криза имаме зголемена наплата на даноци и успешно одолеваме на сите политички притисоци. Предноста е што веруваме во способноста на приватниот сектор кој е единствениот кој креира додадена вредност. Даночната политика оди во прилог за креирање услови за развој на создавање и проширување на капацитетите, воведување нови технологии – истакна Миноски.

Тој додаде дека Македонија е мала економија и мора да бидеме отворена економија за креирање производи кои ќе бидат конкурентни не само на домашниот, туку и на светскиот пазар.

-Кога се зборува за концептот на одржлив економски раст, говориме за мерки во делот на деловното опкружување и развој на приватниот сектор – додаде Миноски.

Една од мерките за да се развијат компаниите е да им се дозволи пристап до капитал. Обезбедувањето на кредитните линии кои ги пласираше државата им  обезбедија на компаниите да ги развиваат своите политики и планови и да креираат нови работни места. Сите мерки кои се однесуваат на пристапот до финансии влијаат директно, и тоа е она што ги движи компаниите. Се разбира тука се и човечките ресурси и технологијата. Овие евтини кредити одиграа позитивна улога во развојот на македонските компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top