| четврток, 6 декември 2018 |

Гошева: Одлуката за СЈО ќе биде во согласност со Уставот, не според нечии желби

elena-goseva-ustaven-sud-int215-740x320

Су­дот ќе од­лу­чу­ва за пред­метот за СЈО ко­га ќе би­де под­го­твен со сво­ја­та струч­на ана­ли­за. За да до­не­се ква­ли­тет­на и устав­но–суд­ски из­др­жа­на од­лу­ка, Су­дот мо­ра да собере и да истра­жи раз­ни фа­кти и устав­но–суд­ска пра­кти­ка. Се ра­бо­ти за За­кон што тре­ба да се про­це­ни да­ли е во сог­лас­ност со Уста­вот. Не се про­це­ну­ва да­ли тој е во сог­лас­ност со ин­те­ре­си­те на тие што се за­ка­ну­ва­ат, се про­ти­ват и му ка­жу­ва­ат на Су­дот ка­ква од­лу­ка да до­не­се. Се про­це­ну­ва устав­но­ста, а не се про­це­ну­ваат жел­бите, вели претседателката на Уставниот суд Елена Гошева во интервјуто за новиот број на неделникот „Република“ одговарајќи на прашањето кога судот ќе се произнесе за уставноста на СЈО.

– Овој кон­кре­тен пред­мет е во Су­дот и се разг­ле­ду­ва и про­у­чу­ва од ти­мот што го ра­бо­ти, пред да се ста­ви на дне­вен ред на разг­ле­ду­ва­ње и од­лу­чу­ва­ње. Се­кој пос­ло­жен пред­мет, па и овој, од Су­дот има дла­бо­ко се­ри­о­зен при­стап на ра­бо­та и ана­ли­за, ка­ко што пра­вел Су­дот во по­ве­ќе­де­це­ни­ско­то ра­бо­те­ње. За да до­не­се ква­ли­тет­на и устав­но–суд­ски из­др­жа­на од­лу­ка, Су­дот мо­ра да при­ба­ви и истра­жи раз­ни фа­кти и устав­но–суд­ска пра­кти­ка. Се ра­бо­ти за За­кон кој тре­ба да се про­це­ни да­ли е во сог­лас­ност со Уста­вот. Не се про­це­ну­ва да­ли тој е во сог­лас­ност со ин­те­ре­си­те на тие што се за­ка­ну­ва­ат, се про­ти­ват и му ка­жу­ва­ат на Су­дот ка­ква од­лу­ка да до­не­се. Се про­це­ну­ва устав­но­ста, а не се про­це­ну­ва жел­бо­те­ка­та.
Во рам­ки на ова пра­ша­ње не­ма да вле­гу­вам во отво­ре­на ана­ли­за на устав­но­ста или не­у­став­но­ста на За­ко­нот, и по­крај тоа што имам свој ли­чен устав­но-пра­вен осврт по ова пра­ша­ње, кое го гле­дам од ас­пект на пре­тсе­да­тел­ка и су­диј­ка на Устав­ни­от суд, ка­ко и долг ра­бо­тен век во Об­ви­ни­телс­тво­то. По од­нос на тоа де­ка не­кои да­ва­ат сло­бод­ни тол­ку­ва­ња на Уста­вот, са­кам са­мо да ука­жам на тоа де­ка единс­твен ор­ган во др­жа­ва­та што има над­леж­ност да вр­ши ин­тер­пре­та­ци­ја на устав­ни­те нор­ми е Устав­ни­от суд.
Исто та­ка, овој Суд ги по­чи­ту­ва од­лу­ки­те на Су­дот во Страз­бур би­деј­ќи, без ог­лед што мис­ли­ме ние, тој е единс­тве­но над­ле­жен да ги тол­ку­ва и ин­тер­пре­ти­ра одред­би­те од Европ­ска­та кон­вен­ци­ја за чо­ве­ко­ви­те сло­бо­ди и пра­ва. Зо­што го да­вам ова ка­ко па­ра­ле­ла? За­тоа што тре­ба да се по­чи­ту­ва ин­сти­ту­ци­о­нал­на­та по­ста­ве­ност на над­леж­но­сти, не мо­же ли­це што про­те­сти­ра да ба­ра Уста­вен суд да до­не­се од­лу­ка ка­ква тој ис­по­ра­чу­ва, ка­ко што не мо­же на­ша­та др­жа­ва да го не­ги­ра од­лу­чу­ва­ње­то на Су­дот во Страз­бур за­тоа што сме ре­ши­ле „сло­бод­но“ да тол­ку­ва­ме нор­ми. Исто та­ка, не гле­дам де­мо­кра­ти­ја во вул­гар­но­сти­те изре­че­ни за Су­дот и за одре­де­ни су­дии, ни­ту во бо­е­ње­то на об­је­ктот на Су­дот. Не мо­жат со тоа да вос­по­ста­ват кон­тро­ла над Су­дот, ка­ко што одре­де­ни цен­три на по­ли­тич­ки ин­те­ре­си нед­вос­мис­ле­но пра­кти­ку­ва­ат кон­тро­ла над раз­мис­лу­ва­ње­то на сво­и­те акти­ви­сти, со ин­фор­ма­ции кои се сом­ни­тел­ни. Но, ту­ка сме ве­ќе на те­ре­нот на над­во­реш­ни­те оп­штес­тве­ни слу­чу­ва­ња со кои ќе се за­ни­ма­ва­ат со про­у­чу­ва­ње со­ци­о­ло­зи­те, по­ли­ти­ко­ло­зи­те, ин­сти­ту­ци­и­те на на­уч­на ос­но­ва, и јас ов­де не би се впу­шта­ла во ка­кви би­ло ана­ли­зи на на­ста­ни­те кои ја тре­сат зем­ја­та овие две го­ди­ни, вели Гошева.

На прашањето зошто до сега Устав­ни­от суд не се про­из­не­се по ова пра­ша­ње до­се­га, судијката вели:

 Су­дот ќе од­лу­чу­ва за си­те, а не са­мо за овој пред­мет, ко­га ќе би­де под­го­твен со сво­ја­та струч­на ана­ли­за по пред­ме­ти­те. Тен­зи­и­те за кон­крет­ни­от пред­мет што ме пра­шу­ва­те се про­из­вод на суб­је­кти­те што има­ат за­цр­та­но по­ли­тич­ки актив­но­сти и за­тоа са­ка­ат да го за­бр­за­ат ова пра­ша­ње, а ис­хо­дот на од­лу­ка­та отво­ре­но го ба­ра­ат. Устав­ни­от суд не е ин­сти­ту­ци­о­на­лен суд. Устав­ни­от суд ра­бо­ти по под­не­се­ни ини­ци­ја­ти­ви или ко­га сам ќе оце­ни да од­лу­чу­ва по не­кој про­пис. От­ту­ка, ро­ко­ви­те во Де­лов­ни­кот на Устав­ни­от суд на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја се за на­чи­нот на кој  ќе ра­бо­ти Су­дот со пред­ме­ти­те, но тоа не се про­цес­ни ро­ко­ви по­ра­ди кои овој Суд е дол­жен пред јав­но­ста да исфр­ла од­лу­ка, ту­ку ана­ли­ти­ка­та е ос­но­ва на од­лу­ки­те на Су­дот, таа тре­ба да е ква­ли­тет­на и устав­но ос­но­ва­на. Се­пак, Су­дот во го­лем дел ра­бо­ти ажур­но и не­ма мно­гу за­о­ста­на­ти пред­ме­ти во по­долг рок, вели претседателката на Уставниот суд Елена Гошева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top