| четврток, 6 декември 2018 |

Уставниот суд ќе постапува по одлуките на Аеродром и Радовиш за референдум за населување мигранти

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница поведе постапка за две одлуки на општините Аеродром и Радовиш, што се однесуваат за распишување референдум за населување и интеграција на мигранти.

Општините, според Судот, не може референдумски да се произнесуваат за овие прашања, бидејќи тоа се прашања за кои одлучува централната власт.

Државниот инспекторат за локалната самоуправа ја запре примената за извршувањето на овие одлуки за распишување на референдум на општините Аеродром и Радовиш и согласно законот поднесе иницијативи по овие предмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top