Популарниот Сале Мутави бил убиен пред Централниот затвор во Белград, кога врз неговото БМВ било стрелано од огнено оружје
Лидерот на навивачката група на Партизан, популарните „Гробари“, Александар Станковиќ (29) е убиен во Белград. Врз навивачот, кој бил познат како Сале Мутави, било стрелано од огнено оружје во близина на Централниот затвор во Белград. Станковиќ бил во својот автомобил БМВ, кога било пукано врз него. Покрај убиството на Мутави, бил ранет и еден од чуварите на затворот, кој е во болница и се бори за живот.
Убиството е како дел од мафијашката војна на црногорската мафија и тамошните кланови. На местото на убиството, брзо стигнале и таткото на Станковиќ, како и неговата долгогодишна девојка.
-За две недели требаше да прават свадба. Заедно се веќе 11 години. Беше добро момче, работеше како обезбедување во теретана, рече таткото на убиениот.
Сале Мутави е познат по тоа што на 28 април оваа година нападна двајца членови од обезбедувањето на претседателот на ФК Партизан, Милош Вазура. Мутави заедно со двајца пријатели го нападнаа обезбедувањето пред стадионот на Партизан. Тогаш полицијата напиша обвининие за двајцата пријатели на Мутави, но не и за самиот Сале, бидејќи на снимката се гледа дека тој не удира по обезбедувањето на првиот човек на Партизан.
Тој успешно го одложуваше одењето во затвор. Во 2013 година беше осуден на пет години затвор поради нелегално користење на пиштол, како и поради продавање на дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)