Арсен Венгер, кој ќе наполни 67 години следната недела, прослави 20 години на чело на Арсенал месецов, но се поизвесно е дека нема уште долго да остане на тренерската клупа на „топчиите“.
Сепак, францускиот стратег вели дека нема да има улога при изборот на неговиот наследник. Договорот на Венгер со Арсенал истекува на крајот од сезоната.
– Мислам дека е најважно секој во клубот да си ја работи работата за која е платен. Мојата работа е да ги тренирам играчите и да бидам одговорен за стилот на игра. Работа на управниот одбор е да го избере следниот тренер, тоа не е моја работа. Ако ме прашаат за мислење, ќе дадам искрен одговор, но нема да бидам јас тој што ќе го избере новиот тренер. Не сум на таа позиција, вели Венгер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.