Пред три години познатиот актер и режисер, Драган Бејелогрлиќ со голема забава го прослави својот 50. роденден. Тогаш му пееја Лепа Брена, Харис Џиновиќ и многу други, а откако пред неколку дена наполнил 53 години, за српските медиуми изјавил дека повеќе нема да го слави роденденот.
Смртта на неговите најблиски, кумот на Бјелогрлиќ, Милорад Мандиќ-Манда и неговат мајка, која исто така почина оваа година, и тоа како го погодиле актерот, по што дошол на ваква одлука.
Сепак, тој се повеќе е активен во режисерската улога и продолжува да роботи со полна пареа, па во моментов работи на серијата „Сенките над Балканот“, а изјавил и дека нема да престане да твори се додека не добие Оскар за најдобар странски филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.