Видовме дека се потрудија да ја збришат партијата на власт, но таа е толку добро втемелена во народот затоа што ВМРО-ДПМНЕ се претвори во народна партија и тука наидуваат на отпор, истакна политичкиот аналитичар Александар Станковски во вечерашното гостување на ТВ Нова.
– Она што го прифати ВМРО е шокантно за мене, во смисла на попустливост на добра волја, мислам дека тоа се е направено за мир во куќа, ние тоа го разбираме како народ и затоа немаше изненадувања во самите структури на партијата затоа што луѓето сфаќаат дека е тешко да излезе на крај со една таква моќна машинерија која преку своите тајни служби е имплементирана во сите структури на едно општеството, посебно што тука е присутна повеќе од 20 години. Имаат разработена мрежа до бесвест и тоа се функционира, притоа тука ако се земат факторите пари, притисок и воен притисок, изјави Станковски.
Според политичкиот аналитичар Александар Станковски, меѓународниот фактор е причина за случувањата во Украина, Сирија и Либија.
– Тие на пример растурија држави што се многу помоќни, помногубројни и подобро наоружани од Македонија дури и нивната гео стратегиска положба е подобра од македонската. Граничат со земји што се анти-американски настроени. Такви држави се Украина, Сирија, Либија, додаде политичкиот аналитичар Александар Станковски при своето гостување во „Аргументи“ на ТВ Нова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)