Вечерва на програмата на Мајски оперски вечери е балетот „Дон Кихот“. Диригент на претставата ќе биде Алексеј Баклан од Украина, кореограф е Викто Јаременко од Украина, сценографијата е на Андреј Злобин од Украина, костимите се на Гана Ипатиева од Украина, а концертен мајстор ќе биде Верица Ламбевска.
Во улогата на Китри ќе настапи солистката Аријане Лафита од Куба, како Базил ќе го видиме гостинот од Италија, солистот Виторио Галоро, уличната танчарка ќе биде првенката Марија Кичевска и во улогата на тореадорот ќе настапи првенецот Бобан Ковачевски.
„Дон Кихот“ е дел од програмата на 41 Мајски оперски вечери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.