| четврток, 6 декември 2018 |

Отказ за работничките ако не сакаат секое утро да го бакнат шефот во уста! (Видео)

Во оваа фирма девојките и жените се редат секое утро и околу половина час една по една го бакнуваат шефот во уста.

kina-sev-640x460

Ова скандалозна практика се случува во Кина, каде што шефот вовел бизарно правило кое морале да го почитуваат сите работнички во неговиот оддел.

Две од работничките одбиле да го бакнат, по што за кратко време добиле отказ од работа. Така, другите, иако не сакале, морале да продолжат со необичниот ритуал.

Во таа компанија повеќе од 80 отсто биле жени и тоа претежно на возраст околу дваесет и триесет години. Самиот тој ја правел селекцијата на вработените.

Откако скандалот излегол во јавноста, тој се огласил и како оправдување рекол дека идејата ја добил од фирма во САД, каде што наутро вработените се бакнувале едни со други. Сепак, тој направил надградба на таа идеја, па наместо вообичаено во образ, тој побарал бакнувањата да бидат уста на уста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top