Навивачите на Црвена звезда популарните „Делии“ синоќа на стадионот „Рајко Митиќ“ направија забава со факли во чест на предвреме починатиот нивни другар од трибините, Марко Ивковиќ – Јагода.

Вчерашниот ден имаше посебено значење за навивачите на Црвена звезда бидејќи се работеше за роденденот на ѕверски убиенот Јагода во Истанбул пред две години.
„Делии“ со овој потег истакнаа дека Јагода вечно ќе живее на северната трибина и уште еднаш му оддадоа почит. Марко Ивковиќ е роден на 12 октомври 1989 година, и вчера ќе навршеше 27 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


