| четврток, 6 декември 2018 |

„Гугл ерт“ открил зошто аргетински фудбалери на секој меч постигнуваат гол од корнер

Аргентински клуб што се натпреварува во петтата лига на оваа земја доби ултиматум од националната Федерација правилно да ги исцрта линиите на теренот или ќе биде дисквалификуван.

Линијерс, фудбалски клуб од градот Вилјегас, кој се наоѓа во близина на метрополата Буенос Аирес, од 1987 година игра на терен на кој линиите се исцртани трапезоидно, а не правоаголно.

Неправилноста е откриена кога од Аргентинската фудбалска федерација (АФА) ги виделе снимките на „Гугл ерт“, вчудоневидени од изгледот на теренот тие поставиле ултиматум до клубот: „Имате три месеци теренот да го обележите на вистински начин, во спротивно ќе го згаснеме клубот“.

stadion-1-640x360

Интересно од клубот рекле дека тие отсекогаш знаеле дека теренот е трапез, а не правоаголник и дека го знаеле и противничките тимови, но никој никогаш не се пожалил.

„Теренот секогаш бил посебен, па ние на речиси секој натпревар постигнувавме голови директно од корнер. Јас секогаш останував по тренинзите и вежбав изведување корнери, во кариерата сум постигнал преку 10 гола дирекнто од корнер“, изјавил поранешен играч на Линијерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top