Иако Вејн Руни во последните години е симбол на Манчестер Јунајтед, оваа сезона преживува тешки моменти на „Олд Трафорд“.
Навивачите се бесни поради бледите партии на капитенот и сметаат дека треба да замине, а и Жозе Мурињо смета дека токму Руни е проблем во тимот па недоамна го седна на клупата.
Проблем е што Руни сѐ уште има 20 месеци до истекот на договорот според кој заработува 300.000 фунти неделно.
Според англиските медиуми, раководството на Манчестер Јунајтед ја разгледува опцијата да го исплати остатокот од договорот на Руни, што би ги чинело 26 милиони фунти и со тоа би го ослободиле легендарниот напаѓач.
Руни има понуди од САД и Кина, па медиумите на Островот се сигурни дека на крајот на сезоната ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.