| четврток, 6 декември 2018 |

Јотовски меѓу осумте најдобри во Бол

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски оствари уште една победа и обезбеди четвртфинале на ИТФ фјучерсот во Бол (Хрватска), со вредност од 10.000 долари.
За разлика од првиот натпревар против Пол Монтебан, кој беше маратонски, Јотовски денеска оствари полесна победа над квалификантот Џан Марко Морони со 2-0 за два часа и десет минути.

Нашиот тенисер освои девет поени повеќе од противникот (79/70), но имаше многу послаба реализација на брејк топките (5/15-3/5), односно можеше и многу побрзо да го затвори својот помлад италијански колега.

На крајот 6-4 и 7-5 за меч со седмиот носител Нино Сердарушиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top