| четврток, 6 декември 2018 |

Татјана Лисенко го загуби златото од Лондон поради допинг

tatjana-lisenko

Продолжува одземањето на медали на руските атлетичарки, кои ги освоиле на големите натпреварувања, а причината е добро позната, големиот допинг скандал. Најнова во низата е Татјана Лисенко.

Лисенко на Олимписките игри во Лондов во 2012 година го освои олимпиското злато во фрлање кладиво. Како што објави ИОК, по најново направените допинг тестови, во крвта на Лисенко е пронајдена забранетата супстанца, стероид туринабол. Лисенко и претходно имаше проблеми со допинг и беше суспендирана на две години во периодот од 2007 до 2009 година, поради користење на стероиди. Поради тоа ги пропушти Олимписките игри во Пекинг, а сега се очекува да добие многу поголема суспензија.

По оваа одлука златниот медал оди во рацете на Анита Влодарчук (триумфира и на Олимписките игри во Рио), среброто за Бети Хајдлер од Германија, а со бронзата се закити Женг Венџуи од Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top