По пауза од пет месеци, фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, почна со лесни тренинзи. Тој последен пат настапи во дресот на „милионерите“ во Купот на Германија, на 21 мај против Баерн Минхен, а го пропушти и Европското првенство, кое се одржа во Франција.
Неговото враќање требаше да се случи порано, но сето тоа се одложуваше поради неговите хронични проблеми со адукторите и во наредниот период треба да се стави на располагање на тренерот Тухел.
Тимот од Дортмунд се соочува и со други малери затоа што Гереиро, Пишчек и Сократис заработија повреди настапувајќи за нивните селекции и сѐ уште не е познато колку ќе отсуствуваат од терените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.