Тери, новинарот кој Калиопи го запроси минатата година, очајно ја бара својата љубена, додавајќи дека во своите соништа ја води… сепак не кажа каде би ја одвел. Како искусен новинар во светот на „Евровизија“ го прашавме дали Есма може да ја замени Калиопи, но тој вели, покрај сета почит, не. Без влакна на јазикот, Тери даде своја оценка за сѐ што нѐ интересираше.
Тој ја респектира Есма, свесен е за нејзината хуманост, па додава дека е бенефит да се слуша песна на јазик што не го знаете, да си замислувате што велат зборовите, а може да пее и најобична песна „за карванот“. Понатаму тој раскажува како Есма и Лозано го потсетуваат на, како што вели, еден убав хумористичен пар од младоста, Маргарет и Денис, Маргарет управуваше со светот додека Денис играше голф, па дека негов фаворит годинава е Турција, која заштедила пари со откажувањето на учеството, а сепак си има песна.
Потсетуваме и на „фаталната“ средба меѓу Калиопи и Тери минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)