Барселона забележа рутинска победа над швајцарскиот првак Кадетен Шафхаузен со убедливи 38:25 во меч од 4 коло на Лигата на шампионите и го задржа стопроцентниот ефект од четири победи на четири меча.
Кире Лазаров имаше нова маестрална партија во дресот на Барселона. Нашиот најдобар ракометар и капитен на репрезентацијата со седумте погодоци беше најефикасен играч во мечот против Кадетен Шафхаузен.
Борко Ристовски не доби шанса на овој меч, бидејќи на голот беше одличниот Перез де Варгас, кој забележа 15 успешни интервенции.
Со оваа победа Барселона продолжува со перфектниот скор во групата А. Шпанскиот шампион сега има максимални осум бодови со што се наоѓа на самиот врв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.