| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ се плаши од избори и бара начин да ги одложи

По повикот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Собранието, владее паника во СДСМ. Најголемата опозициска партија исплашена од соочување со волјата на народот очајно бара начин да ги одложи изборите закажани за 11 декември.

-Барањето на СДСМ го прифаќаме и очекуваме дека овој пат Зоран Заев нема да се обидува да измислува причини за повторно да избега од избори. ВМРО ДПМНЕ предлага Собранието на Република Македонија уште денеска, во 17.00 часот,  да закаже седница на која што прва точка ќе биде донесување на Буџетот за 2017 година, со што ќе се гарантира редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните. Втора точка, која во целост ќе ја поддржиме, предлагаме да биде донесување на одлуката за распуштање на Собранието и за неа да се расправа во 19.00 часот, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија нагласија дека доколку СДСМ е убедена дека ќе ја добие поддршката на наредните избори, не е спорно на првата седница по конституирањето на новиот собраниски состав да предложи и изгласа ребаланс на Буџетот.

-Неносењето на буџетот ќе значи и потенцијален ризик и опасност од внесување на земјава и во финансиска криза, покрај политичката криза со која што се бориме и се обидуваме да ја надминеме. Со поддршката на агендата што ја предлагаме, СДСМ ќе докаже дека навистина има намера да излезе на избори и дека навистина се убедени дека државата веќе не смее да биде заложник на политичките интереси на Зоран Заев, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквиот повик од ВМРО-ДПМНЕ предизвика паника во опозициските редови, која според информациите резултирала со свикување на итна координација на која се барало начин за ново одложување на изборите, а еден од нив било блокирање на Буџетот за 2017 година. Со недонесувањето на Буџетот ќе се предизвика стопирање на процесите, односно ќе не може да се гарантира редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните, со што СДСМ ќе ја втурне државата во уште поголема криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top