| четврток, 6 декември 2018 |

Инспектор плачејќи повикува граѓани да му дојдат на погреб на девојчето кое нема никој свој

inspektor-jim-holmesПолицискиот инспектор кој ја водел конференцијата за новинари во вторникот за мртвото бебе пронајдено крај пат, на кое не му е откриен идентитетот ниту потеклото, се скрши и низ солзи едвај ги повика граѓаните во поголем број да дојдат на погребот следниот вторник и достојно да го ипсратат несреќното девојче.

Притоа, уште еднаш ја повикал мајката на бебето да се јави.

-Не сте во неволја, и сакаме да ви помогнеме, се уште не е доцна да дојдете на погреб или барем да се јавите да кажете дали има некои верски или други обреди што треба да му ги направиме на девојчето, рече инспекторот Џим Холмс.

Бебето беше пронајдено во март во Марстон во Оксфорд. Холмс го викал девојчето Ријана „небесен цвет“, а месеците истрага покажале дека детето е родено мртво, па фрлено крај пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top