Градските власти информираат дека започна пријавувањето на за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 година.
„Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Град Скопје, кои ќе купат печка на пелети за затоплување на својот станбен простор по денот на објавување на повикот и ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото за надоместок. Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Град Скопје“, соопштуваат од Град Скопје.
Инаку, советниците на Град Скопје веќе ја изгласаа предлог-програмата за субвенции за печки за пелети. Ова значи – градските власти на скопјани од оваа грејна сезона ќе им надоместуваат 70 отсто од вредноста на печката, односно ќе даваат најмногу до 30.000 денари (500 евра), но примарен услов е домаќинствата да немаат приклучок на централното градско парно. Од градскиот Сектор за заштита на животната средина рекоа дека дека субвенционирањето е активност во мерките за заштита на амбиентниот воздух, а истовремено дел од мерките на Акциониот план на Стратегијата за климатски промени. Програмата ќе се финансира од Буџетот на Град Скопје за 2016 година, во износ од 5.890.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.