Теориите на заговор вообичаено се бизарни, но веројатно меѓу најбизарните е теоријата која вели дека американскиот претседател Барак Обама е демон кој мириса на сулфур. За да го демантира тоа, претседателот на САД направи пауза во својот говор за да одговори на бизарните тврдења на радио водителот Алекс Џоунс.
-Постои некој лик на радио кој изјави дека Хилари и јас сме демони. Вели дека мирисаме на сулфур изјави Барак Обама и ја помириса својата рака.
Очекувано, Алекс го подржува Доналд Трамп, а во една од своите емисии изјавил дека актуелниот претседател и кандидатката за претседателка на САД мирисаат на пеколот и дека се „морбидно мрачни“, „зли“ и „опседнати“. Тој исто така изјавил дека поседува и видео од нивното „слетување“ на Земјата.
Претседателот Обама прво се насмеа на таквите коментари, но потоа потсети дека тие можат да ја поделат земјата. Погледнете како изгледаше неговата реакција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)