| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија се пласира на Европското првенство во Полска, младите фудбалери испишаа историја (видео)

makedonija-u21

Историски успех на македонската фудбалска репрезентација до 21 година. Со победата попладнево на арената „Филип Втори“ во Скопје над селекцијата на Шкотска од 2-0 и победата на Украина на гостински терен над директниот конкурент за првото место во групата Израел од 4-2.

Младите момчиња на големиот државен празник 11. октомври со златни букви ќе бидат запишани во историјата на македонскиот спорт бидејќи се првата фудбалска репрезентација која ќе учествува на една завршница на големите натпреварувања.

Избраниците на селекторот Боби Милевски во текот на овие квалификации одиграа јуначки десет натпревари победи шест пати и само еднаш беа поразени и тоа уште во првото коло од репрезентацијата на Исланд. Од тогаш па натаму се до крајот, токму селекторот и неговите избраници од натпревар во натпревар растеа и освојуваа победи против репрезентации со далеку поголем рејтинг од нашиот, Шкотска, Франција, Украина…

Што да се каже во овој историски натпревар. Во мечот кој само победата не требаше да биде во прашање. Уште од самиот почеток нашите репрезентативци притиснаа кон голот на Шкотите. создадоа неколку шанси уште во првото полувреме. Јунакот од мечот во Шкотска кога победивме со 1-0, Кире Маркоски уште во 18 минута со одмерен удар успеа да го совлада гостинскиот голман. По само четири минути рековалесцентот Енис Барди кој стисна заби и покрај тоа што е сериозно повреден, успеа во 22 минута да зголеми на 2-0. Во првиот дел Македонија имаше шанса да зголеми и на 3-0, но Давид Бабунски промаши и пенал.

makedonija-u21-1

Пред финишот на првото полувреме Македонија имаше шанса преку Кире Маркоски за 3-0, но голманот Фултон повторно успеа да интервенира, а во 47 минута Давид Бабунски одлично се „протна“ по левата страна и се намести за шут откосо, но ударот повторно го скроти Фултон и ја испрати топката во корнер. Во 60. минута шанса за погодок имаше Шкотска, но Алексовски интервенира, а во последните 30 минути Македонија го смири темпото на игра, мирно ја влечеше топката по теренот и го приведе мечот кон финиш.

grupa-tabela

Македонија во групата заврши како лидер со 21 бод, еден повеќе од второпласираниот Исланд. На нашето конто на крајот од групната фаза имаме шест победи, три ремија и само еден пораз, и тоа оној на стартот од квалификациите против Исланѓаните. Генерацијата на Благоја Милевски која ветува ќе има сигурно што да покаже во Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top