| четврток, 6 декември 2018 |

Се урнаа четири згради, 22 лица се загинати

Најмалку 22 лица загинаа откако четири петкатници вчера се урнаа во Венжу, источна Кина. Полицијата соопшти дека шест лица извлечени живи од под урнатините, меѓу кои е едно 12 годишно девојче.

Детето преживеало само благодарејќи на тоа што нејзиниот татко со своето тело и создал простор за живот, изјавил еден од спасувачите.

Како што јавуваат кинеските медиуми, објектите, кои биле изградени од камен и тоа уште во седумдесеттите години на минатиот век, биле многу лоша состојба.

Повеќето од жртвите се странски работници и членови на нивните семејства, кои изнајмувале соби во овие згради.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top