Најмалку 22 лица загинаа откако четири петкатници вчера се урнаа во Венжу, источна Кина. Полицијата соопшти дека шест лица извлечени живи од под урнатините, меѓу кои е едно 12 годишно девојче.
– Детето преживеало само благодарејќи на тоа што нејзиниот татко со своето тело и создал простор за живот, изјавил еден од спасувачите.
Како што јавуваат кинеските медиуми, објектите, кои биле изградени од камен и тоа уште во седумдесеттите години на минатиот век, биле многу лоша состојба.
Повеќето од жртвите се странски работници и членови на нивните семејства, кои изнајмувале соби во овие згради.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.