Дека се уште актуелниот претседател на САД, Барак Обама, е само обичен смртник покажува и една снимка на која се гледа реакцијата кога тој ќе сфати дека го заборавил својот мобилен телефон.
Повеќемина очекуваат од американскиот претседател да биде професионалец кој се држи под контрола. Но, работите не се секогаш такви како што изгледаат. Во моментот кога Обама сфаќа дека го заборавил телефонот, тој се врти за 180 степени и се враќа дома по телефонот.
Од Белата куќа на прашањето зошто се вратил Обама дома, велат дека „заборавил нешто бидејќи е човечко битие како и сите други“. Според информациите на медиумите, тој се вратил по мобилниот телефон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


