Поддршката од Владата и локалната самоуправа беше еден голем предуслов за да одлучиме ние за инвестирањето тука во Битола. Спремноста и обученоста на работната рака на луѓето кои сакаат да работат кај нас, расположливоста за комуникација и познавањето на англиски и грчки јазик беше пресудно за да одлучиме дека ние треба да го развиеме нашиот бизнис во оваа земја, вели директорката на грчката компанија „Цера Метал“, Марија Пападопули.
– Цера Метал е врвен производител на облагороден оплородни плочи кои што се користат како машински делови, или делови во градежни машини. Овој производ има најдобро решение во проблемите кои се појавуваат како разјадување при триење, ерозија и при судири при големи температурни разлики. Се користи широко во тешката индрустрија, во производство на цименто, во производство на електрична енергија и во рудите. Нивниот производ е нивниот изум , начинот на производство е нивниот изум и се понуди пред 20 години во локалните фабрики за производство на електрична енергија и го искористија нивниот изум за олеснување во нивниот производствен материјал, вели Пападопули.
Компанијата, нагласува таа, располага со голема мрежа на клиенти кои што нивни производи ги продаваат најповеќе во Европа со 40 отсто во Германија, Канада, Чиле, Бразил, Турција, Русија, Јапонија, Тајван и во многу други земји. Компанијата веќе купи градежно земјиште во индустриската зона Жабени.
– Цера Метал ја избра оваа индустриска зона за да ги вложи своите средства за градење на нова индустриска единица, како главен предуслов беа поволната бизнис клима, инфраструктурата, блискоста со Грција, исто така и рангирањето преку дуинг бизнис членот на земјата во 2016 година беше прогласена за најповолна земја за инвестиции. Исто така поддршката од владата и локалната самоуправа беше еден голем предуслов за да одлучиме ние за инвестирањето тука , спремноста и обученоста на работната рака на луѓето кои сакаат да работат кај нас, расположливоста за комуникација и познавањето на англиски и грчки јазик беше пресудно за да одлучиме дека ние треба да го развиеме нашиот бизнис во оваа земја, вели Пападопули.
Додава дека компанијата купила простор од 45 илјади метри квадратни во индустриската зона Жабени, преку електронска аукција.
– Во првата фаза ќе произведе т.е ќе изгради индустриска единица од пет илјади метри квадратни, каде што за неколку години ќе се зголеми таа градба на 23.700 метри квадратни. Конечната висина на инвестицијата предвидува да достигне до 12 милиони евра, а почетната инвестиција е околу пет милиони евра. Во првата фаза на производството во оваа индустриска единица ќе се ангажираат околу 150 вработени и покрај нив во локалната околина ќе се вработат околу 30 луѓе кои ќе бидат ангажирани за останатите одговорности околу производството, надзор, царина и слично. Како што кажавме во првата фаза ќе вработиме околу 150 лица, но тоа ќе станува последователно како и што ќе се развива нашата производителна единица, така и ќе вработуваме нови луѓе и околу 600 луѓе ќе ни бидат потребни во нашата индустриска зона. Сето тоа ќе биде постепено, бидејќи и ние псотепено ќе се развиваме. Имаме тотална поддршка од владата и од локалната самоуправа, тие ни укажаа на тоа дека таквиот профил кои го бараме ние е доста развиен кадар во ова поднебје и мислам дека нема да имаме никаков проблем да го обезбедиме тој број на лица кои што нас ќе ни требаат, вели Пападопули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)