Никола Ристановски ја доби актерската награда на 20. Меѓународен фестивал на мали сцени во Риека. Му припадна наградата за главна машка улога, за улогата на Молиер во претставата „Животот на Молиер“ на МНТ. Ристановски ја дели наградата заедно со Озрен Грабариќ.
Публиката извонредната претстава на Ацо Поповски, „Животот на Молиер“ ја оцени со 4,72, што ја смести оваа претстава на второто место, веднаш зад „Дај Боже, мајка да те родила“, која е оценета со 4,74.
Фестивалот во Риека заврши синоќа, со претставата Отело на Југословенскиот драмски театар од Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


