Медиумите во Англија известуваат дека офанзивниот фудбалер за врска од редовите на Челси Еден Азар ќе ја напушти екипата во јуни следната сезона и ќе се пресели во Серија А кај шампионот Јувентус.
ПСЖ или Реал Мадрид во минатото се интересираа за услугите на белгискиот напаѓач, но сега „Телеграф“ пишува дека почнати се првични разговори за негова преселба во Јувентус.
Целта на продажба на првата ѕвезда би било собирање на сума од преку 60 милиони евра како Челзи би го реновирал офанзивниот дел од тимот по лошата мината сезона во која Азар беше само бледа сенка на фудбалерот кој ја доби наградата фудбалер на сезоната 2014/15.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.