| четврток, 6 декември 2018 |

Бил ме силуваше, а Хилари ми се закануваше

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп организираше конференција, отворена за јавност на која глави гости биле четири наводни жртви на сексуален напад од страна на поранешниот претседател Бил Клинтон.

Кетлин Вили, Хуанита Бродерик, Кети Шелтон и Пола Џонс изнеле бројни и тешки обвинувања на сметка на сопружниците Клинтон. Бродерик го обвини Бил Клинтон за силување кое се случило за време кога тој бил државен адвокат во Акранзас.

– Трамп можеби кажа неколку лоши збора, ама Клинтон ме силуваше, а Хилари ми се закани. Тоа не може да се спореди со она што го кажа Трамп – изјави Бродерик.

Госпоѓа Шелтон, како што изјавила, на 12 години ја силувал маж кој Хилари го бранела на суд. Тогаш Шелтон била прозвана дека е непослушно и неурамнотежено дете склоно на сексуални фантазии, пишува „Дејли мејл“.

Џонс, кога со тужбата добила 800 илјади долари, обвинувајќи го Бил Клинтон за сексуално злоставување, изјави дека го подржува Трамп и дека сите треба да гласаат за него.

Вили пак тврди дека била жртва на Бил Клинтон кој наводно ја допирал во собата покај овалната канцеларија.

– Имав приватен состанок со Бил Клинон. Одеднаш ме привлече кон себе, ме бакна во уста и ме фати за градите. Потоа ја стави мојата рака на неговиот пенис. Бев шокирана – изјави Вили.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top