Германската компанија Костал денеска и официјално започна со производствените активности. Германската компанија во браунфилд производствениот капацитет во рамки на поранешен охридски ЕМО го започна производството на технолошко напредни и иновативни призводи во областа на автомобилската индустрија. Производите на Костал како електронски и електромеханички производи ќе се вградуваат во познати и луксузни автомобили во светот како Мерцедес, БМВ, Ауди, Порше и други.
Германската компанијата Костал е една од четирите водечки фирми во светски рамки и моментално има над 17 илјади вработени во свои производствени капацитети на 46 локации во 21 држава на четири континенти.
– Согласно бизнис планот компанијата по одреден период на години ќе се прошири и во нов гринфилд објект во ТИРЗ Струга со што плановите се бројката на вработени да надмине 1000 вработувања. И покрај новиот објект во зоната, капацитетите во адаптираниот објект на ЕМО ќе продолжат да работат паралелно. Во наредните два месеци планот е во него ќе бидат вработени околу 100 луѓе и оваа бројка постепено ќе расте до планираните 1000 вработувања. Ова ќе значи сигурна егзистенција не само за луѓето во Охрид и охридско, туку и можност за вработување на жителите од Дебарца, Струга, Кичево. Разговорите за реализација на оваа инвестиција траеа долго, рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски.
Првиот контакт, со германскиот гигант бил направен од Алек Никовски уште во 2012-та година, а во процесот на преговори во владата и директно во седиштето на компанијата во Германија била клучна поддршката и на Зоран Ставрески, како и Виктор Мизо кои посветено и макотрпно, со голема енергичност во текот на целиот процес заедно со целиот тим работеле на оваа инвестиција да се оствари.
-Одлуката за инвестирање на компанијата беше соопштена во 2014-та, а договорот за реализација на инвестицијата беше склучен во ноември 2015-та година. Денес почнува со работа оваа компанија, која само покажува дека носењето на нови инвестиции не е лесен процес, но и дека ние нашите ветувања ги остваруваме. Покрај ова се привршува и градбата на фабриката на Германската ОДВ Електрик во ТИРЗ Струга, инвестиција од околу 1000 вработувања и планот за околу еден месец да почнат со преселување од адаптираниот објект во кој сега работат, во новоизградената фабрика. Дадениот збор за нас е обврска. Вака се бориме за Македонија, со нови работни места, наспроти деструктивноста од опозицијата, со поддршка и реформи за силна економија, наспроти продуцирањето на конфликтност, со нови мерки и проекти за подобар стандард и напредок на државата, наспроти опструкциите на опозицијата и наметнувањето на криза на штета на државата. Тоа граѓаните го препознаваат, тие најдобро чувствуваат кој работи и придонесува. Нека е среќно со новата инвестиција за нови 1000 вработувања, вели Груевски.
Вчера беше потпишан договор за инвестиција на STS Textiles во Велес за 1 000 нови вработувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.