Да излезете од дома, а да не заклучите. Ова ви делува невозможно, но во индиската држава Махараштра има град чиј жители живеат така.
Инаку, Махараштра има една од највисоките стапки на криминал во Индија, но градот Шани Шигнапур е исклучок. Како тоа? Мештаните веруваат дека нивниот бог Шани ги чува и се чини дека тоа навистина делува, бидејќи во ова место криминал не е забележан веќе 400 години.
Шани Шигнапур има околу 3 илјади жители и сите веруваат дека хиндуистичкото божество Шани ги чува од секакво зло. Сметаат дека, ако изградат куќа било каде, не треба да ставаат врати и да се заклучуваат, бидејќи Шани ги штити.
Во видеото погледнете како изгледа ова место:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)