| четврток, 6 декември 2018 |

Човечки коски и черепи пронајдени во дворот на куќата на Али Ахмети

Пронајдените човечки черепи и коски од екстремитети за кои се претпставува дека се од масовна гробница од 1913 година се најдени во дворот на куќата на семејството на лидерот на ДУИ Али Ахмети во село Зајас, информираат неколку интернет портали.

Ексхумација била започната вчера по што се најдени коските за кои се смета дека се дел од гробницата.  Денес преставници од Јавното обвинителство од Гостивар извршиле увид па сега започнува институционалната истрага со која ќе се утврдуваа детали за тоа чии се човечките остатоци и причините поради кои се нашле таму.

Кординаторот на тимот за ексхумација Мусли Муслиу во изјави за одредени медуми изјавил изјави дека се претпоставува оти остатоците се од 1913 година, а дека телата првично биле запалени па потоа затрупани во стар напуштен бунар. Тој исто така посочил дека  луѓето кои се во масовната гробница претежно се жители од тој крај, и според првичните негови сознанија најверојатно станува збор за 10 до 60 луѓе.  Toj соопштил дека уште од 2013 година почнала истрагата за постоење на евентуални масовни гробници во овој регион.

Јавното обвинителство во Гостивар се очекува да соопшти детали за ексхумацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top