Владо Георгиев пред еден месец доби ќерка со невенчаната сопруга Милица Самарџија. Славењето по повод раѓањето на ќерката Софија траеше седум дена, односно додека двете не стигнале дома.
Но штом жената и ќерката се сместија во смејниот дом, Барба замина во Црна Гора на риболов, со што се пофали на социјалните мрежи. Овој негов потег наиде на осуда од јавноста, иако кантавторот одамна изјави дека никогаш нема да го смени начинот на живот.
Но како што вели старата народна изрека, никогаш не вели никогаш, Барба призна дека го смени стилот на живот и веќе не е ноќна птица како некогаш.
Владо деновиве се пожали на ненаспаност, како и сите новопечени родители, а потоа откри дека сега на спиење оди во 22 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.