Бриселскиот договор подразбира болни и тешки работи, но ќе поминеме заедно низ тоа – им порача првиот потпретседател на Владата на Србија, Александар Вучиќ, на одборниците на српските општини од северот на Косово.
Според него ноторна лага е дека некогаш сум се фалел со бриселскиот договор.
-Секој ден зборувам дека тоа е тежок договор, кој носи многу проблеми за српскиот народ, но кој беше единствениот можен договор во дадениот момент – рече Вучиќ.
На состанокот присутните во прашаа за документите за Србите на Косово. Тој вели прашање е едно од потешките, околу кое се уште „ќе се кршат копјата“.
Вучиќ пристигна денеска во посета на Косово, за да разговара со Србите во обид да се постигне согласност за примена на постигнатиот договор меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ, на кој тие се спротивставуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


