| четврток, 6 декември 2018 |

Качински: ЕУ ќе се распадне ако не се реформира

jar

Европската унија ќе пропадне ако не се реформира, изјави денеска лидерот на владејачката полска Партија на правото и правдата, Јарослав Качински, во момент кога, по историскиот референдум за Брегзит на Велика Британија, европските лидери се поделени по прашањата за економската и миграционота политика. ­                -Континетот брзо се менува и гледам дека тоа не е најдобро- наведе Качински во интервјуто за германскиот весник „Велт“.

Самиот лидер на конзервативната и национално ориентирана партија, Качински, смета дека зајакнувањето на популистичките партии низ континетот, како Алтернатива за Германија, Националниот фронт во Франција и антиевропските партии во Холандија може да ја загрози ЕУ. ­

-Или ќе се реформираме или ЕУ ќе пропадне. Полска во неофицијалните преговори сугерираше како да се променат договорите во ЕУ и да се зајакнат државите членки- нагласи Качински.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top