Лидерот на владејачката полска Партија на правдата и правото, Јарослав Качински на денешната седница на Парламентот ја читаше книгата „Атлас за мачки: диви и домашни“.
Пратениците денеска расправале за повеќе прашања, вклучувајќи ги и контроверзните измени на правосудните закони за кои се залага неговата конзервативна Партија на правдата и правото, а ЕУ е против.
Качински (68) е познат како голем љубител на мачки, и самиот со години има мачки, а и им помага и на уличните.
Јарослав Качински во периодот од 2006 до 2007 година беше премиер на Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.