| четврток, 6 декември 2018 |

Јарослав Качински: Полска не може да прима бегалци од туѓи култури

Доколку сакаме да го сопреме тој бран на агресија на мигрантите, барем во односот кон жените, ќе биде потребна извесна репресија. Кога би примениле репресија, веднаш другите би рекле дека сме нацисти. Тоа е магичен круг.

Лидерот на полската владејачка партија “Право и правда”, Јарослав Качински, предупредил дека Полска не може да прима бегалци од туѓи култури, бидејќи против нивната агресивност ќе море да примени репресија, на што би уследиле обвиненија дека Полјаците се нацисти.

-Мора целосно да ја промениме нашата култура, радикално да го намалиме нивото на безбедност во нашата земја. Прифаќање на група бегалци од странски култура би било општествена катастрофа- рекол Качињски за провладиниот десничарски весник Gazeta Polska Codenje. Качињски како пример ја навел Финска која примила 18.000 бегалци, и пресметал дека тоа за Полска би значело дека ако прими 7.000 бегалци од националната квота во механизмот на релокација на ЕУ, на крајот би и дошле уште 1,2 милиони мигранти.

kacinski

-Доколку сакаме да го сопреме тој бран на агресија на мигрантите, барем во односот кон жените, ќе биде потребна извесна репресија. Кога би примениле репресија, веднаш другите би рекле дека сме нацисти. Тоа е магичен круг. Ние едноставно не можеме да влегуваме во тоа- рекол Качински. Европската комисија минатата седмица им се заканила на Унгарија, Полска и Австрија дека ќе ги казни за кршење на законите на ЕУ доколку до јуни не влезат во програмата за релокација на бегалци во ЕУ, кои се под најголем притисок од миграцискиот бран.

-Ние мораме да го браниме својот став пред Судот за правда во ЕУ со политички методи- одговорил на тоа Качински. Притисокот на ЕУ минатата седмица го обиле и претседателот на Полска Анджеј Дуда и премиерката Беата Шидло, која изјавила дека ЕУ нема начин да ја казни Полска, додека заменик министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања, Конрад Шимањски, рекол дека Полска ќе распише референдум.

-Владата моментално не работи на референдум за бегалците. Но, го имаме во предвид притисокот кој би можел да расте- рекол Шимањски во интервју за Zecpospolit.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top