| четврток, 6 декември 2018 |

Борко Ристовски се најде во идеалниот тим од третото коло од ЛШ (видео)

barcelona-rakomet

Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски се најде во идеалниот тим на 3. коло на Лигата на шампионите во ракомет. Вонсериската партија на Ристовски против Флензбург во четвртокот не остана незабележана и со 19 интервенции, репрезентативниот голман ја донесе победата на Барселона. Борко Ристовски се надоврзува на Филип Талевски кој во првото коло исто така се најде во тимот на колото.

Идеален тим на 3. коло н а Лигата на шампионите:

Голман: Борко Ристовски (Барселона)

Лево крило: Анхел Фернандез (Натурхаус Ла Риоха)

Лев бек: Ким Екдал ду Риц (Рајн Некар Левен)

Среден бек. Арон Палмарсон (Веспрем)

Десен бек: Шиме Ивиќ (Висла Плок)

Десно крило: Тим Соренсен (Кристијанштад)

Кружен напаѓач: Николас Турнат (Нант)

Најдобрите седум ракометари може да ги погледнете ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top