| четврток, 6 декември 2018 |

Германски „Костал“ почнува со производство во Македонија

Германската компанија Костал денеска ќе го означи почетокот на производството во Македонија.

Капацитетот е лоциран во Охрид, како браунфил инвестиција во поранешен ЕМО во село Косел. Подоцна се планира да изгради и сопствен капацитет. Најавено е реализација на 1.000 нови работни места.

Костал е семејна фирма и е познат снабдувач со напредна електронска технологија, електромеханички и мехатроничи производи за големи индустриски капацитети. Присутна е на 38 локации во 17 земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top