Од понеделник ќе биде објавена новата АТП листа, каква што немаме видено низа на години назад. Меѓу петте најдобро пласирани тенисери, нема да има место за две легендарни имиња, Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Надал и Федерер одбележаа една голема и успешна ера во машкиот тенис и затоа е изненадување кога вакви две имиња не се во врвот на светскиот тенис. Но на овие двајца тенисери не им оди во последно време, па редовно назадуваат на АТП листата.
Поради тоа, новата АТП листа ќе биде на некој начин историска, бидејки по долго време, во првите 5 нема да ги видиме овие двајца врвни спортисти, и тоа се нема случено токму 13 години.
Рафаел Надал беше на 4. позиција, но тој од утре ќе биде шесто пласиран, додека Федерер е седмопласиран од утрешната нова ранглиста.
Новак Ѓоковиќ и понатаму е уверлив на првата позиција, зад Енди Мареј кој сериозно му се наближува, а третопласиран е Стан Вавринка кој сезонава освои Грен слем титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.